Вељаноски: Посакувам 2013 да биде година на сплотеност меѓу граѓаните и политичарите

Од:

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски денеска присуствувше на централното одбележување на Рождеството Христово-Божик во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан богослужеше Златоустова литургија.

Вељаноски по завршувањето на литургијата на граѓаните со православна вероисповед им го честиташе Божик и им посакаа здравје, радост, среќа и личен просперитет.

Посакувам, истакна Вељаноски, 2013 година да биде и година на сплотеност меѓу граѓаните и политичарите за тоа што така сплотени ќе можеме да ги изодиме сите чекори кои стојат пред патот за нашето интегрирање во Европската унија и НАТО структурите.

„Така сплотени ќе можеме да одолееме на сите искушенија од економски аспект. На сите граѓани на Република Македонија им посакувам многу среќа, здравје и личен просперитет во 2013. Христос се роди, навистина се роди“, рече Вељаноски.

Во домот на Вељаноски, пак, паричката се паднала кај неговиот син Филип.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска