А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Вељаноски не го признава Талат Џафери: Ќе закажам седница кога ќе биде поправена опремата

by А1он29/04/2017 - 19:5329/04/2017 - 20:05452
Share0

Трајко Вељаноски се огласи по хулиганскиот напад во Собранието и по два дена изрази жалење за истите. Во изјава за „Сител“, тој кажа дека МВР е задолжено за обезбедувањето и најверојатно имало пропусти, па затоа имало такви инциденти.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Тој ден пречуствував дека ќе се случат овие работи. Зоран Заев зема процедурална и искажа тешки зборови, но мислев дека ќе преовладува разум. Пратениците упатија многу молби, мислев дека СДСМ нема да го направат ова. Тие имаа смислено сценарио. До мене како претседавач имаа дадено 35 потписи за Собранието да работи и во петок, а јас тоа го одобрив. Нивните документи не беа согласно Деловникот.“, вели Трајко Вељаноски.

Прашан за тоа што понатаму и дали планира да се продолжи седницата на Собранието, тој вели: „Можеме да зборуваме од два апсекти, правен легалистички и политички. Како може да кажат дека го избрале Талат Џафери за претседател во Собранието? Тие ги прекршија член 9 од Деловникот, член 36 од Уставот. Немаше јавност, собранискиот канал немаше пренос. По кој основ тие утврдија присуство и колку луѓе гласале? Немаше служба, срекретари, тие ги изолираа сите. По кој основ утврдија кој бил „за“, „против“? Деловникот вика дека избраниот претседател, свечената изјава ја дава пред претседавачот. Пред кого Талат Џафери ја даде изјавата?“

Вељановски, според неговите теории не го признава Талат Џафери за нов претседател, и затоа ќе продолжел да претседава со маратонските седници на кои не им се гледаше крајот.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Не може со необјавена одлука во Службен весник, да има претседател на Собрание. За жал, морам да кажам, дека тие откако ја виделе оваа грешка, тие вршат притисок во Собрание. За жал после сите настани и искршената опрема, седницата во вторник се одлага. Кога ќе има услови, ќе закажам конститутивна седница, бидејќи истата не е завршена, а дододека не се заврши, не може да продолжиме понатаму“

Според Вељановски, на „шверцерски“ начин се избрал претседател во Собранието.

И покрај тврдењата на Трајко Вељаноски, Талат Џафери е признат од Европската унија, САД, Канада, Германија за нов претседател на Собранието и зад него има мнозинство пратеници. Како таков тој најави дека ќе ја закаже следната седница.

sobranietalat dzaferiveljanoski

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 13:04

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски09/09/2026 - 12:1009/09/2026 - 12:56

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:47

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:0502/09/2026 - 14:14

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео