Вељаноски летува на албанската ривиера, Иванов летото го поминува во Охрид

Од:

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, летните одмори ги поминува во Охрид, а претседателот на парламентот, Трајко Вељаноски се сонча на албанската ривиера.

Вељановски во Албанија ќе помине седум дена, а албанските медиуми вчера соопштија дека на истото одмаралиште е и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

metaaa

Иванов, пак, во резиденцијата во Охрид ќе помине неодредено време затоа што од таму ги извршува и службените обврски, односно присуствува на бројните манифестации кои се одвиваат овој период.

– Кога претседателот е во Охрид, добар дел од обврските ги извршува од таму. Овој период има доста манифестации во Охрид, како Охридско лето и Струшки вечери на поезијата, така што дел одмара, а дел од времето го поминува службено – велат од кабинетот на претседателот.

Вељановски се капе на плажата Јале која е една од најубавите плажи во Албанија и ја сметаат за недопрениот рај на Европа. Се наоѓа во Влора, околу 55 километри јужно од градот, непосредно пред селото Химаре.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги