Вељаноски им го честита празникот Свети Сава на припадниците на српската заедница

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.

– Денешниот празник, посветен на најголемиот српски просветител и светец е препознатлив симбол на српскиот народ секаде во светот. Славењето на најголемиот српски просветител, светец и државник, славењето на неговиот лик и неговото дело дава придонес во промовирањето на различните култури и традиции во Република Македонија. Негувањето на меѓусебните односи нека ни биде заедничка цел која ќе остане вредно наследство за идните поколенија. Убеден сум дека заедничката определба ни е почитување на сите етнички заедници и нивните верски права, несебично залагање и придонес кон остварување на заедничките цели, зајакнување на Република Македонија и нејзиното евро-атлантско интегрирање, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска