Вељаноски и Џафери во посета на македонските мировници во Авганистан

Од:

Делегација од Собранието на Република Македонија и Министерството за одбрана, предводена од претседателот Трајко Ваљаноски и министерот Талат Џафери од  денеска претстојуваат во посета на македонските мировници кои се дел од силите ИСАФ во Авганистан.

За време на посетата, Министерството за одбрана соопшти дека делегацијата ќе оствари средби со воениот врв на силите, односно командантот на ИСАФ, генералот Џозеф Данфорд, со најстариот цивилен претставник на НАТО во Авганистан, амбасадорот Мауриц Јохемс и со заменик-командантот на силите, генералот-потполковник Џон Лоример.

Предвидена е средба и со министерот за одбрана на Авганистан, Бисмила Кан Мохамади.

Во рамки на посетата, делегацијата, чиј дел е и началникот на штаб на ЗОК, бригадниот генерал  Стојан Димчов, како и пратеникот Оливер Спасовски, ќе оствари средба со припадниците на контингентот, каде подетално ќе се запознаат со секојдневните задачи на македонските мировници, а ќе ги посети и нивните работни места.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он