Велиновска: Бесими знае дека Груевски и Иванов не му можат ништо

Од:

Во последната колумна за Нова Македонија, Мирка Велиновска со став дека Рамоковниот договор не ја спасува туку ја дави Македонија.

„Што си мислат нашиве „државници“, бе? Дека колективната одговорност е доволно широка за да го покрие срамниот факт дека Македонија пред 13 години под закана и уцена потпиша капитулација чии плодови ги собираме топтан?! Кој го есапи, кому му вреди пусулчето на анонимниот колективен орган во кое извршната власт се оградува од учката со државна функција што ја обезбедува охридската криминална рамка! Го третираме како лекарско уверение издадено од непрофесионален и корумпиран матичен лекар што официјалниот печат го става по барање на некој забушант што работи и државно и приватно. Демек, Бесими министерот во Слупчане не отишол официјално, ами приватно. А приватно можел да си прави што сака. По устав! Е па, вака: Фатмир приватно може да ја секса жената му. Може приватно да сере во својот клозет. Ама не може ништо друго“, пишува Велиновска.

„Државата Македонија преку ова човече завчера се поклони и положи цвеќе на паметникот на паднатите учки што и објавија војна на Македонија. Министерчето како извежбан ладнокрвен провокатор им одговори со прес зад официјална говорница. Со постапката го градел соживотот. Па се разбира дека ќе биде ладнокрвен и спокоен! Тој убаво знае дека Груевски и Иванов не му можат ништо. Џоле ќе ја штител униформата, па нафркаа како и секогаш десетарите во министерскиот кабинет, а командантите се мајтапат со државата и нејзините претставници што ние ги избираме“, стои во колумната на Велиновска.

Велиновска пишува дека шефот на Владата и шефот на државата ја здрапаа дури во Турција за да го избегнат рамковниот, а овде победничката УЧК заедно со дипломатскиот кор на „меѓународниот олеснувачки“ оркестар ни приреди уште едно славеничко издание.

„Со цел памет излегол оној напуван Стево Пендаровски божем има сертификат за дијагностичар и кобајаги прашува дали во Владата постоел дуализам, а потоа веднаш дијагностицира дека во Македонија постоел политички паралелизам. Не за џабе народот рекол дека она од што умниот се срами, за будалата е гордост! Па, така и Пендаровски. Кога беше службениче на оние што, спротивно на Уставот, потпишаа капитулација во недефинирани воени услови, не ги виде ни дуализмот ни политичкиот паралелизам запишан во еден нелегитимен гангстерски ултиматум спонзориран од евроатлантски структури. Не го виде ни во свинштините на социјалдемократската влада произлезена од 15 септември и гооооолемата победа над Македонија во 2002 година како што беше територијалната поделба“, пишува во колумната на Велиновска.

„Штом Иванов во истата минута не побара разрешување на Бесими, а Груевски не потпиша акт за разрешување, штом обвинителот не поведе дело за прекршениот устав, не правам муабет ни за паралелизмот, ни за дуализмот во Македонија што истите „олеснувачи“ и „демократори“, од евроатлантскиот полусвет по либанскиот, босанскиот и македонскиот „успех“, го инсталираат во Ирак, Авганистан, Либија, а сега сакаат и во Сирија“, пишува Велиновска во последната колумна објавена во Нова Македонија.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори