Велигденски базар по петти пат во Охрид

Од:

Во организација на Општина Охрид и ЈП „Градски пазар“ од денеска на плоштадот кај Стариот чинар по петти пат се одржува манифестацијата „Велигденски базар“.

Станува збор за хуманитарен настан, но и содржина од забавен карактер насочена кон збогатување на севкупната туристичка понуда на Охрид за престојните Велигденски празници.

– Велигденскиот базар е добра можност да се презентираат и промовираат ракотворби, како и традиционални охридски специјалитети кои ќе побудат интерес како кај Охриѓани, така и кај гостите што за празниците ќе бидат тука во Охрид, изјави Кристина Крлеска – Деспотоска, директорката на „Градски пазар“.

Во рамки на манифестацијата со свои музичко-сценски настапи ќе се претстават ученици од сите општински основни училишта, градинките во градот, како и млади уметници од фестивалот „Распеано рибарче“.

Велигденските празници по правило значат зголемен број гости во Охрид, како од другите градови во земјата така и од странство, пред се православни верници од соседните држави. Се очекува и оваа година за престојните празници и продолжениот викенд во градот да дојдат неколку илјади туристи, како преку организирани туристички аранжмани така и во сопствена режија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски