Велигденска посета на митрополитот г.Петар во Домот за доенчиња и мали деца-Битола

Од:

Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, според востановената традиција, оствари Велигденска посета во Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца-Битола.

На Велигден се радуваат сите, но најмногу децата и затоа веднаш по утринската богослужба првата денешна активност ја остварив токму во Ј.У. Дом за доенчиња и мали деца, посочи митрополитот г. Петар.

– Велигден е најголемиот христијански празник. Денес се пејат најубавите песни. Денес е ден кога сите се среќни и весели. Среќата и радоста им е потребна на сите, на возрасните и најмладите, на децата…на овие деца кои се згрижени во оваа значајна јавна установа и кои со Велигденско јајце во раката го слават Велигден. Христос Воскресе! Навистина Воскресе!, порача митрополитот г. Петар за време на посетата на Домот за доенчиња и мали деца и им додели велигденски подароци.

Претставници на Преспанско-пелагониската епархија во текот на денот ги посетија и им посакаа здравје и брзо заздравување на старите лица во домовите за сместување стари лица „Сју Рајдер“-Битола.

Би можело да ве интересира

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ