Величковски до Оер: Нашите срца се со вас

Од:

Осудувајќи ги терористичките напади во Париз, претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски рано утрово, во директна комуникација ја упати следната порака до амбасадорот на Француската Република, г-ѓа Лоранс Оер:

– Госпоѓо Амбасадор, нашите срца се со вас и Французите. Со жалење ја следиме ситуацијата, и упатуваме сочувство со семејствата кои ги изгубија нивните блиски… Вие и Вашите сонародници минувате низ особено тешки моменти, но пријателите овде во Македонија се со вас.

Овој злосторнички чин за Либералната партија е напад и врз вредностите на слободата и еднаквоста, промовирани уште со Француската револуција, но и врз универзалните вредности на кои се заснова модерниот меѓународен поредок.

Би можело да ве интересира

Париската полиција откри голема измама во музејот Лувр

Три жени се избодени во париското метро

Горан Наумовски

Париз: Тројца се повредени, двајца имаат сериозни повреди во експлозија во телекомуникациска компанија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозии во близина на канцеларијата на премиерот во Париз

Ермитажот евакуиран поради безбедносна закана

(ВИДЕО) Париз: Голем пожар зафати осумкатна зграда, 180 пожарникари го гаснат пожарот

Горан Наумовски