Велешкото јавно обвинителство отвори предмет по повикот од Митрополитот Агатангел за масовно одење во верските храмови

Од:

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на Митрополитот Агатангел и Повардарската Епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска Задушница, во петок и сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта.

Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, велешкото обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување на податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како и во поглед на почитувањето на мерките кои се определени од страна на Владата на Република Северна Македонија.​

Би можело да ве интересира

Се вршат претреси за измамите на граѓани со „кубански вакцини“ – осомничениот е во болница

А1он

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Обвинителството бара пртивор за Ива Михаилова

Катерина Ѓуровски

Приведениот виш јавен обвинител е осомничен дека влијаел во најмалку четири случаи

Катерина Ѓуровски