Велешкото езеро „Младост“ се прелеа, нема опасност

Од:

Дождовите од изминатите денови придонесоа и така високото ниво на вода во велешкото езеро „Младост“ да се прелее преку браната. Надојдените суводолици на Отовичка  и Рудничка Река се причина што езерото го има највисокиот водостој по цели 30 години, информира Бобан Пановски  директорот на ЈВП  ХС Лисиче кое управува со акумулацијата.

Водостојот на езерото „Младост“ денеска е 246,99 сантиметри, а прелевањето е на 247 сантиметри, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Според Пановски, количеството  вода што истекува е далеку од потенцијална опасност по градот Велес, односно по  зголемување на реката Вардар,  каде се влева водата од вештачката акумулација. Прелевањето, вели, може да биде максимум до 100 илјади метри кубни вода за 24 часа.

– Браната е во одлична состојба и сеизмичката стабилност според сеизмичките мерења од страна на стручњаци покажаа дека е стабилна и нема опасност од нејзино оштетување поради зголемените количества на вода, изјави Пановски.

За еден  месец нивото  на  езерото „Младост“ се зголеми за   еден и пол метар. Проценките се дека има  околу 10 милиони кубни вода на површина од 60 хектари.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски