Велешки средношколец повреден во тепачка

Од:

Осумнаесетгодишен ученик од Велес денеска околу 13 часот бил прободен во рака при тепачка во дворот на хемиското училиште „Димитрија Чуповски“, информираше СВР Велес.

Во физичката пресметка учествувале средношколци од хемиското училиште, од УСО „Коле Неделковски“ и две лица од Скопје и биле користени метален боксирач и ножеви.

А.Х бил повреден во левата рака и бил пренесен во Медицинскиот центар во Велес, каде му била укажана лекарска помош.

Велешката полиција работи на целосно расчистување на инцидентот, по што ќе следуваат соодветни пријави против сторителите.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он