Велешката болница доби нова современа апаратура

Од:

Велешката болница доби нова современа опрема наменета за Интерното и Хирушкото одделение. каде денеска увид во нејзиното функционирање направи министерот за здравство Никола Тодоров во придружба на директорот на болницата д-р Атанас Василев и градоначалникт на Велес Славчо Чадиев.
 
Министерот Тодоров информира дека е набаван нов современ апарат за анестезија, на местото на стариот апарат кој беше во функција триесетина години.
 
– Новиот апарат веќе е ставен во функција и  со него се направени 20 процедури-односно операции.  Исто така, набавен е и поставен е нов апарат за гастроскопија, којшто ќе биде ставен во функција на „Мој термин“ веднаш  по празниците. Со овој апарат ќе може да се прават двојно повеќе интервенции од досега. Ако досега во неделата два дена се правеле вакви дијагностички процедури, сега со новиот апарат тоа ќе може да се прави секој ден и наместо 500 вакви дијагностички процедури годишно во велешката болница, со новиот апарат ќе може да се прават илјада. Со тоа двојно ќе се намали времето на чекање. Воедно пациентите тоа ќе може да го направат тука во Велес наместо да бидат препраќани во Скопје и други здраствени установи, појасни Тодоров.

Би можело да ве интересира

Дете прегазено во Велес, пренесено во скопските Клиники

А1он

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он