Велешанката со инвалидитет која плати казна за паркирање на место за инвалиди: Добив извинување, ама ќе се жалам

Од:

Велешанката со инвалидитет, Билјана Гаврилова-Станковска која доби казна од 3.000 денари од ЈП Градски паркинг Скопје затоа што паркирала на место обележано за инвалиди, доби извинување од директорот на јавното претпријатие, Крсте Петревски и и беа вратени средствата кои ги издвои за да и се отстрани блокаторот.

Паркирана на паркингот кај меѓуградската автобуска станица во Скопје на паркинг означен за луѓе со инвалидитет, со автомобил означен со знак за инвалид и со членска од здружениа на лица со посебни потреби, како и со пратена смс-порака за електронска наплата на паркирањето, Гаврилова-Станковска добила блокатор на возилото затоа што според надлежните, месата биле наменети само за возила со скопски регистрации.

– Образложението кое го добив беше „вие сте од друг град и не смеете да паркирате“. Јас им реков, зошто не напишете дека паркингов важи само за возила од Скопје. Но, запознати со тоа што Град Скопје не дозволува бесплатни паркинзи за возилата од другите градови кои носат ознака за лице со инвалидитет, уредно си пративме смс-порака.

Од ЈП Градски паркинг ми велат дека пораката не важи кога си паркиран на инвалидско место. Во останатите градови во земјава никаде не е проблем да се паркираш на инвалидно место со инвалидско возило иако си од друг град, само Скопје има дискриминирачко правило. Но, вработените рекоа дека имаат таква наредба од дирекција и се повикаа на правилникот кој го носи Советот на Град Скопје – објасни велешанката за „А1он“.

Гаврилова-Станковска истакна дека се чувствува лута и дискриминирана и покрај тоа што добила извинување и рефундирање на парите, нема да застане тука. Ќе се бори до крај за да го добијат ова право сите луѓе со инвалидитет од земјава, а првиот чекор ќе и биде претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

– Не е мојот случај единствен, а ова ми се случува вторпат. Првиот пат немав пратено-смс затоа што не знаевме дека е забрането паркирање за инвалиди од друг град. Зошто само скопјани да паркираат. Ќе поднесам преставка до Комисијата за дискриминација. Здружението „Мобилност Македонија“ стои зад мене и оваа борба ќе ја истераме до крај – порача Гаврилова-Станковска.

Би можело да ве интересира

43-годишен велешанец најден мртов на паркинг во Скопје

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична

Возење со тротинет во Скопје чини 13.000 денари: Ги фрлаат во контејнер, но софтверот си наплаќа и понатаму

A1on

Бесплатно паркирање на дел од паркинзите во Скопје за Велигденските празници

Ана Ололовска

Тепачка во Аеродром за паркинг

Четворица насилници истепале вработен во Градски паркинг