ВИДЕО: Велешанката Пале е ослободена и пуштена од притвор, пресуди велешкиот суд

Од:

Судот ја ослободи од обвинение велешанката Павлинка Пале Иловска, која лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес. Таа беше обвинета за кривично дело убиство во миг.

„Обвинетата Павлинка Иловска, се ослободува од обвинение“, рече судијката.

Судијката кажа дека Пале се бранела од сега покојниот. Од ДНК под ноктите на покојниот полицаец, се утврдило дека тој навистина ја давел, посочи судијката. Била влечена за облеката, удирана по нозе и раце, но и глава.

„Согласно кривичниот законик, нужна е одбраната која е неопходна. Нападот и одбраната се неопходни елементи. Тој ја влечел, клоцал, ја стегнал околу вратот, неспорно се утврди од записникот за увид, по самиот увид на настанот кај обвинетата имало телесни повреди, изразени на главата, ногата и вратот. Натаму, на овој доказ се надоврзува телесниот преглед на обвинетата“, рече судијката.

Неспорно се утврдило дека нападот од покојниот бил вистински и траел, а обвинетата Пале била во животозагрозувачка состојба, потврдил и психијатрискиот наод.

„Правната доктрина дозволува нападнатиот да се брани“, додаде судијката.

Постоела несразмерност на физичката градба и конституција меѓу Пале и покојниот полицаец, притоа бил од надмена позиција, се додава во психијатрискиот наод.

„Со исказот на обвинетата и психијатрискиот наод, се утврди дека од тоа што покојниот силно ја стегал за вратот, губела здив, па дејствијата биле насочени кон одбрана од сега покојниот. Судот утврди дека одбраната била сразмерна и пропорционална“, додаде судијката.

Како точни биле и наводите на обвинетата која објаснувала, а судијката посочи: „Тој и велел дека е курва и недомаќинка. Обвинетата влегла во спалната да спие, тој влегол ја фатил за врат ја влечел, ја мавал со клоци и боксови, ја фатил за вратат и ја давел, ја влечел од кујната, а таа му рекла: „Немој ќе ме убиеш“, тој продолжил и ја гушел, таа го земала ножот кој се наоѓал на кујнската маса“.

Пале, се обидела и да го спаси нејзиниот партнер со кого живеела. Му дала прва помош, се јавила во Брза помош, ги слушала напатствијата.

„Тоа што е сторено во нужна одбрана не е кривично дело“, додаде судијката.

Случајот на Пале Иловска предизвика лавина реакции во јавноста откако се дозна дека таа неколку пати го пријавувала партнерот за малтретирање, но тој не бил гонет. Во постапката, Пале докажуваше дека таа го убила со убод во нож, додека тој ја давел и дека делото го направила во самоодбрана.

Илиовска на вчерашното рочиште кажа дека не се чувствува виновна. Обвинителката пак, која ја гоки Илиовска, посочи олеснителни околности кои се причина за полесна казна.

Таа издржуваше куќен притвор.

Би можело да ве интересира

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Загина велосипедист, уапсен возачот на камионот кој го удрил