Велешанец осомничен за поседување кокаин

Од:

Основното јавно обвинителство во Велес спроведува истражна постапка против лице на возраст од 40 години за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 29 август, неовластено заради продажба држел вкупно 47,97 грама наркотична дрога – кокаин во три полиетиленски пакувања кои ги скрил во пантолоните. Дрогата била пронајдена при личен претрес на осомничениот.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, на можност за попречување на истражната постапка со влијание врз сведоците и на опасност да го повтори кривичното дело, Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Би можело да ве интересира

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

(ВИДЕО) Полицијата уапси 26-годишник кој превезуваше 10 килограми кокаин со висока чистота

Горан Наумовски

Убиство на велешанецот Ѓело Ѓошев – го намамија во автомобил, па му пукаа во глава

А1он

Колегите од Неврологија со писмо за подршка за докторот снимен со кокаин

Катерина Ѓуровски

Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра

А1он

Скопјанец со голема количина на кокаин е уапсен кај Лесковац

Горан Наумовски