Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра

Од:

Француската царинска служба заплени 1,5 тони кокаин, чија пазарна вредност се проценува на 36 милиони евра, јави денеска весникот „Паризиен“, повикувајќи се на париското обвинителство.

Дрогата, спакувана во 30 пакети во вреќи, била откриена на 18 септември во камион запрен во градот Тур, во регионот Долина на Лоара.

Камионот се движел кон департманот Ивелин, во регионот Ил де Франс. Зад воланот бил 53-годишен холандски државјанин, кој е уапсен и против кого е отворена истрага.

Операцијата била изведена по дојава од француското Министерство за финансии, кое претходно добило информација за пратка наркотици испратена од Шпанија за Холандија преку Франција.

Француските власти укажуваат дека во последните години е зголемено количеството на запленета дрога, особено од пратки што преку Шпанија пристигнуваат од јужноамериканските наркокартели.

Често се користат транспортни компании кои наркотиците ги кријат меѓу легални стоки.

Би можело да ве интересира

Бардела ги отфрли обвинувањата за расизам: Франција е меѓу најмалку расистичките земји во светот

(ВИДЕО) Речиси 300 повредени во протестите во Франција, блокирани 49 училишта

Горан Наумовски

Франција: Полицијата тврди дека 600.000 граѓани се на улиците, додека синдикатите бројат 1,6 милиони луѓе

Горан Наумовски

Франција: 270.000 луѓе на улиците, универзитетите блокирани, запалени контејнери за ѓубре

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Париз не се откажува од солзавецот и шок-бомбите: Полицијата мора да се брани