Велешанец ја претепа вонбрачната партнерка пред нивната малолетна ќерка, жртвата задоби тешки повреди по главата и телото

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда .

Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повреди неговата вонбрачна партнерка.

Додека оштетената ја подготвуваше да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започна вербална расправија, а потоа со лажица за облекување чевли, во повеќе наврати ја удри во пределот на главата.

Жртвата се повлече во спалната соба од станот, каде осомничениот насилно ја турна на креветот, го зеде нејзиниот мобилен телефон и го фрлил на подот, почнал да ја плука по лицето и со неколку удари со бокс во главата и телото и нанесе телесни повреди – контузија и хематоми.

– Јавниот обвинител го имаше предвид фактот дека жртвата претходно го имала пријавено осомничениот за семејно насилство, но потоа го повлекла предлогот за кривично гонење. Затоа, заради обезбедување на присуството на осомничениот во текот на кривичната постапката и особено заради заштита од понатамошни насилни однесувања кон оштетената, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Приведени двајца кавадарчани, едниот го нападнал татко му, другиот поранешната сопруга

Катерина Ѓуровски

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Го удирал со тупаници и клоци 10-годишниот син, охриѓанец осомничен за семејно насилство

Катерина Ѓуровски

Кумановец ја претепал сопругата – и скршил три ребра