Велешанец физички ја нападнал сопругата, им се заканувал и на синовите

Од:

Четириесет и седумгодишен велешанец физички ја нападнал својата сопруга и со пиштол се заканувал по нејзиниот и животот на двајцата синови. Случајот во полиција бил пријавен од Б.Ѓ. (45) од Велес.

Министерството за внатрешни работи информира дека Б.Ѓ пријавила дека на 27 август 2017 година околу 19,00 часот сопругот ја удрил со телефон по глава, а потоа почнал и да ја удира со тупаници и клоци во пределот на телото и главата, по што и го зел телефонот и заминал од куќата. На 28 август 2017 година околу полноќ, Ѓ.А. се вратил дома и почнал да ја навредува, а во еден момент го зел пиштолот, кој го поседувал со дозвола, ја скршил вратата од собата и почнал да ја удира Б.Ѓ во пределот на главата, по што таа паднала во бесознание. А.Ѓ. го вперил пиштолот во неа и во двајцата синови заканувајќи се по нивниот живот, по што заминал од куќата.

Б.Ѓ била префрлена во Јавната здравствена установа-Велес, каде и биле констатирани телесни повреди.

А.Ѓ. е лишен од слобода и задржан во ПС-Велес за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Пијан татко си ја истепа ќерката

Уапсен е скопјанец кој пукаше кон сопругата, па им се закануваше на ќерките

Горан Наумовски

Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена