Велес го одбележа Денот без автомобили

Од:

Во рамки на Европската недела на мобилност и 22 септември – Денот без автомобили, Општина Велес денеска организира манифестација на пешачење од Стар Мост до Манастирот „Свети Димитрија“, на која учество земаа ученици од велешките училишта, невладини организации и други здруженија од градот.

Како што информира Мартин Мајсторов, портпарол на Општина Велес, преку пешачење граѓаните упатија порака дека со својот избор на начинот на движење можат активно да придонесат во подобрување на квалитетот на живеење, намалување на урбаното загадување и за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух.

– Денеска граѓаните на Велес упатија силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно, треба да се избира „паметен“ начин на транспорт, при што би се користеле предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа би се водело сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме,потенцира Мајсторов.

Мајсторов смета дека кога секој од нас би направил макар и мала позитивна промена во секојдневните навики би се изненадиле колку размислувањето и бирањето на начинот на транспорт може да влијае врз обезбедување на почиста животна средина, намалена бучава, подобрено здравје, заштеден семеен, но и државен буџет.

Инаку, „Нашите улици, наш избор“ е пораката на годинешнава најголема европска кампања посветена на одржливата мобилност во урбаните средини.

– Целта на кампањата е да се развивава дијалог помеѓу сите засегнати страни за различни аспекти на мобилност, да се предлагаат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови технологии или мерки за планирање на урбаниот транспорот со што ќе се обезбеди намалување на употребата на автомобилите и намалување на штетните емисии на гасови во воздухот,информира Мајсторов.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов