Велес домаќин на ученици и професори од францускиот град Шербур

Од:

Во рамки на програмата за училишна размена помеѓу Велес и збратимениот француски град Шербур од Нормандија, од 12-ти до 19 март Велес е домаќин на 44 ученици и професори од Франција.

По повод почетокот на престојот, денеска беше организирана свеченост на која учениците гости и домаќини беа поздравени од градоначалникот Славчо Чадиев и францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние.

Посакувајќи им добредојде на гостите, градоначалникот Чадиев изрази задоволство од континуитетот на оваа соработка.

– Задоволство ми е што учениците третпат се среќаваат и другаруваат и што и ние возрасните преку младите генерации имаме можност да соработуваме. Веќе го заокружуваме првиот циклус на проектна размена и верувам дека ќе отвориме нови можности на соработка, рече Чадиев.

Нарекувајќи ги учениците млади амбасадори на своите земји, амбасадорот Тимоние информираше дека на средбата со градоначалникот се договарале и за соработка на учениците од Македонија и Франција со ученици од Полска, со што училишната размена ќе се прошири на територијата на Европа.

– Ова ќе овозможи да се сретнат три Европи. Имаме што да научиме едни од други и можеме да бидеме промотори на мирот, рече амбасадорот Тимоние.

Покрај Амбасадата на Република Франција, проектот доби поддршка од Францускиот институт во Скопје и од Европската асоцијација на агенции за локална демократија – АЛДА.

Учениците и професорите од Шербур ќе ги посетат културните знаменитости на Велес, Скопје и Охрид и ќе имаат заедничка училишна програма за размена на знаења и идеи. Во проектот се вклучени сите четири средни училишта од Велес и гимназијата од Шербур.

Како што информираат од Општина Велес, градоначалникот Чадиев и амбасадорот Тимоние на средбата размениле мислења за можностите за проширување на соработката во областа на културата, економијата, заштитата од пожари и други области од интерес за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он