Вечерва се активни неколку пожари предизвикани од гром

Од:

Центарот за упрваување со кризи информира за неколку пожари вечерва предизвикани од гром информираат од Центарот за управување со кризи.

Во кумановско кај Кока гори сува трева, с.Проевце, а кај Ловечки дом гори борова шума. Пожарите се предизвикани од удар на гром.

Во кичевското село Туин гори сува трева и нискостеблеста шума. Помаѓу селата Голозинци и Лисиче, Општина Чашка, кај Велес, гори сува трева и нискостеблеста шума.

Екипите се излезени на терен и интервенираат во нивното гаснење. И овој пожар е предизвикан од удар од гром, наведуваат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево

Активни се шест пожари на територијата на Македонија