Вечерва протест против циркусот во Скопје

Од:

Здружението за заштита на животните ги повикува сите граѓани да им се придружат на мирен протест пред циркусот „Сафари“ кој гостува во Скопје. Протестот е закажан за вечерва во 19 часот, а неговата цел е да се покаже дека освен тоа што циркусот има бела страна и ги забавува граѓаните, малкумина знаат за црната страна кога се мачат животните по гаснењето на светлата.

Протестот ќе се одржи пред шаторот на циркусот кој е поставен во непосредна близина на спортскиот центар “Борис Трајковски”, под мотото “Вие имате избор, но тие не”.

Карванот од Унгарија пристигна со 30-тина циркузанти, но и со лавови, слонови и нилски коњ, кои патуваат повеќе десетици часови во тесни кафези, без храна и вода.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски