Вечерва поплавени села во Дебарца

Од:

Неколку села во општина Дебарца кај Охрид вечерва почнале да се поплавуваат од надојдените реки, реагираат жителите до А1он. Тие велат дека водата почнала да навлегува во дворовите, приземјата на куќите, а под вода биле и обработливите површини. Причините велат се обилните врнежи од дожд но и со години неисчистените реки и канали. Според кажувањата на локалното население вечерва се излеале Голема река и Горно Средоречка река.

„Водата е дојдена до куќите и почна да навлегува во куќите. Ситуацијата станува вонредна бидејки вода доаѓа речиси од сите страни. Бавчите се полни со вода.Се излеани целосно коритата на овие реки. Реките никогаш не се исчистени како и каналите. Властите не се заинтересирани за ништо за овие средини“, рече за А1, Анѓелина Целеска, жителка на селото Долно Средоречје.

Најалармантна е ситуацијата во селото Долно Средоречје каде има триесеттина куќи. Мештаните повикуваат за помош од страна на надлежните локални и државни власти.

„Цело село е мобилизирано и сите сме надвор. Се става земја и вреќи полни со песок на најкритичните места за да не се дозволи поголемо излевање на реките, но тоа не е доволно“, рече Целеска.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски