„Вечерњи лист“: Бугарија го користи членството во ЕУ за негирање на македонскиот идентитет

Од:

Откако во март годинава, за време на хрватското претседавање со Унијата доби зелено светло за старт на преговорите за членство во ЕУ, Северна Македонија сега очекува првата меѓувладина конференција да биде одржана до крајот на годинава, со што формално се отвораат првите поглавја од преговарачкиот процес, но Бугарија се заканува со негова блокада, наведува загрепскиот весник „Вечерњи лист“.

– Меѓу другото, Бугарите бараат македонскиот јазик да не се нарекува македонски, туку исклучиво „официјален јазик на Република Северна Македонија“. Бугарија остава впечаток дека го користи членството во ЕУ за да го негира македонскиот идентитет, оценува весникот.

„Вечерњи лист“ наведува дека на вчерашниот состанок на Комитетот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ, бугарскиот амбасадор го дистирбиурал „појаснувачкиот меморандум“, во кој, меѓу другото, како што посочува весникот, се тврди дека придавката „македонски“ не означува национален идентитет, туку географско потекло, како и дека Јосип Броз Тито, инспириран од Коминтерната, им наметнал „нов идентитет на луѓето кои претходно се декларирале како Бугари, Србите подоцна сакале да ги идентификуваат како јужни Срби, а Тито ги прогласил за Македонци“.

– Бугарија би можела да се најде под притисок на другите земји членки кои сакаат да го наградат официјално Скопје за макотрпната работа за започнување преговори со ЕУ. Владата на премиерот Зоран Заев се согласи и на промена на името на државата, за да ги отстранат пречките за старт на преговорите, што доажаа од Грција, а пред Договорот со Грција, беше потпишан и Договор за пријателски односи со Бугарија, кој требаше да ги отстрани бугарските пречки. Но, Бугарите продолжуваат да се закануваат со вето, додава веснмикот.

Загрепското издание посочува дека дипломатите во Брисел се надеваат оти „се ќе се изглади“ до 10 ноември, кога на заседание на Советот за општи работи на ЕУ треба да биде усвоена одлуката за свикување на првата меѓувладина конференција.

– Ваквите надежи се базираат и на фактот што истиот ден во Софија се одржува Самитот на Берлинскиот процес, чии копретседавачи се Бугарија и Северна Македонија. Берлинскиот процес за зајакнување на соработката на Западниот Балкан, кој го осмисли и силно го турка Германија, беше клучен за пролетната одлука за зеленото светло за време на хрватското претседавања, а сега е уште позначаен како оваа земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, заклучува „Вечерњи лист“.

Би можело да ве интересира

Европската Унија „преку ред“ ќе добие нова членка

Мерц: Прашање е дали Украина ќе биде примена во ЕУ до 2034 година

Предраг Петровиќ

Кремљ: Русија создаде одреден имунитет кон западните санкции и се прилагоди на нив

Германската влада не го поддржува нацрт-буџетот на ЕУ

Македонија е подготвена да продолжи да чекори по европскиот пат со обновена национална решителност, вели Муртезани

Калас: Ако ЕУ плати за оружје за Украина, тоа ќе биде европска помош, а не од некој друг