Вечер Битола со традиционалните коледарски огнови

Од:

Општина Битола вечер на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе го организира традиционалниот коледарски оган кој во 19 часот ќе биде запален на спектакуларен начин, информираат од таа локална самоуправа.

Манифестацијата ќе биде придружена со богата музичка програма во која ќе настапат групата „Бон Тон“, Петар Најдовски и групата „Боеми“, како и рок бендот „ТНТ“, „Фалш бенд“ и триото Дј Микар, Зоки Конга и Дадо труба.

– Продолжуваме да ја негуваме вековната традиција, а на барање на граѓаните обезбедивме и богата уметничка програма на централниот плоштад во Битола, истакна градоначалникот Владимир Талески.

Коледарски оган ќе биде запален и во Старата чаршија пред националната галерија на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“. Раководителот на студиото и на светски познатата манифестација „Мал битолски Монмартр“ Коста Хаџиантоновски изјави дека огнот ќе го запалат неколку познати занаетчии, а на присутните деца ќе им бидат доделени коледарски подароци.

Би можело да ве интересира

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин