Вебинер и почеток на регионален проект на Факултетот за безбедност и „Конрад Аденауер“

Од:

Со одржување на првиот вебинар денеска почнува реализацијата на проектот „Регионалните безбедносни предизвици и новите државни актери за време и по кризата од пандемијата“ во организација на Факултетот за безбедност-Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Денешниот прв вебинар е насловен „Влијанието на пандемијата врз функционирањето на безбедносниот систем, јавните политики и надворешните односи во услови на вонредна и кризна состојба“, а на него најавено е обраќање на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, директорот на фондацијата „Конрад Аденауер“, Норберт Бекман, како и на професорите Марјан Ѓуровски, проректот на УКЛО и професор на Факултетот за безбедност-Скопје, Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност-Скопје, Татјана Дронзина, професор на Софискиот Универзитет и Стефан Сурлиќ од Факултетот за политички науки од Белград.

– Проектот кој започнува да се реализира има за цел да понуди компаративна анализа на меките и тврдите мерки и други механизми, политиките и воопшто начинот на справување на овие земји од регионот со глобалната пандемија, да укаже на можностите и неопходноста од регионална соработка на полето на безбедноста и управувањето со кризи, како и да понуди анализа на геополитичките аспекти и делување во услови на глобална пандемија, вели проф. д-р Марјан Ѓуровски, кој е носител на регионалниот проект.

Предмет на анализа, како што посочува Ѓуровски, ќе биде и заканата од хибридни закани односно лажни вести во обид да се секуритизира прашањето кое во моментот е само здравствено со потенцијал да прерасне во безбедносната закана која ќе има последици и по економската безбедноста на секоја земја.

Проектот предвидува онлајн-експертски сесии, по две во мај и јуни, а ќе се заокружи со издавање на публикација со препораки и заклучоци, изработена од страна на тројца експерти по безбедност од Северна Македонија, Србија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

MIVD: Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

Попис на најбезбедните земји во светот – Исланд прв, Македонија не е меѓу првите 50

А1он

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Во Скопје имало 322 земјотреса за еден месец – низ градот минува процеп, живееме ли во безбедни згради?

Одржана „Регионална школа за безбедност 2023“ посветена на влијанието на безбедносните предизвици врз урбаната безбедност

Ана Ололовска