Вчудоневиден сум што ОЈО не побара притвор за Васко Ковачевски, вели Тошковски

Од:

Министерот за внтарешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека е вчудоневиден што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра.

– Од наша страна се преземени сите потребни дејствија во насока на информирање на Јавното обвинителство. ЈО е известено и писмено и усно во однос на лицето кое го споменувате, но на жалост, јавниот обвинител кој ја водел постапката во рамки на ОЈО ГОКК оценил дека не треба да бара најстрога мерка согласно одредбите од ЗКП, иако ако мене лично ме прашате, малку сум вчудоневиден како за лице кое е недостапно за органите на прогон, а е вклучено во рамки на криминал првично на околу 6,5 милиони евра, ЈО не побара таква мерка само за тоа лице. Инаку, другите сите кои беа поранешни функционери се моментално во притвор, рече Тошковски.

Во однос на случајот со Државната лотарија, министерот потврди дека МВР ќе ја прошири истрагата, бидејќи постојат индиции за повеќе сторени криминали и основани сомненија за конкретни кривични дела кои го оштетиле буџетот на компанијата.

– Во однос на предметното правно лице постојат повеќе индиции за сторени криминали, постојат основи на сомнение многу и исто така многу основани сомненија за конкретни кривични дела коишто го оштетиле буџетот, така што ќе следи јавноста во иднина, ќе ја информираме соодветно во момент кога ќе можеме да ги обзнаниме информациите за јавноста, рече тој.

За инцидентот на Денот на албанското знаме, Тошковски информираше дека Одделот за внатрешна контрола не утврдил дека полицаецот од Куманово, кој го симнал албанското знаме, прекршил било каква стандардна процедура на МВР.

– Беше отворена истрага во однос на предметното лице од страна на Одделот за внатрешна контрола и во рамки на утврдените дејствија коишто се сторени од страна на предметното лице не е утврдено дека истиот прекршил било каква стандардна процедура во рамки на МВР колку што сум информиран. Подетално може да видиме што е како е понатаму, посочи министерот.

Би можело да ве интересира

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

А1он

Тошковски: Законот стига до секого, а ќе стигне и до оние кои мислат дека можат да се сокријат

Тошковски: Ако Груби е невин, да дојде и да потврди дека е чист како солза

Уверение за државјанство ќе се вади во секое време преку uslugi.gov.mk

(ВИДЕО) Тошковски за обвинувањата од СДСМ: Ќе поднесеме кривична против еден од полицајците на граничниот премин „Блаце“

Горан Наумовски

СДСМ: Полицаецот кој го пропушти Груби истиот ден зел боледување, Тошковски лаже дека е суспендиран

Катерина Ѓуровски