Вчера казнети повеќе од 130 возачи

Од:

Во текот на минатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи – Скопје се превземени мерки и активности и констатирано е дека 56 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 22 возачи, од кои еден затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 21 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Од МВР соопштија дека од сообраќај се исклучени и 17 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца поради недавање на првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издаден е 131 мандатен платен налог.

Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а четири лица поминале со телесни повреди.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски