Ваучери за пензионерите со ниски примања во Ѓорче Петров

Од:

Здружението за пензионери „Ѓорче Петров“ ќе додели еднократна парична помош на пензионери со ниски примања.

Право на доделување помош, соопштија од општина Ѓорче Петров, ќе имаат пензионери чии пензиски примања изнесуваат до 9.800 денари, а предност за добивање помош ќе имаат оние кои прв пат поднесуваат вакво барање.

Oд општината посочија дека сите заинтересирани пензионирани лица треба да поднесат барање до разграноците според местото на живеење најдоцна до 20 ноември.

Ваучерите ќе бидат доделени по повод новогодишните и божиќни празници. Здружението под раководство на претседателот Методија Новковски брои над 6.400 членови, а на територијата на општината Ѓорче Петров опстојуваат 7 разграноци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он