Ваучери за 41 новороденче во општина Кисела Вода

Од:

Општина Кисела Вода денеска додели 41 ваучер за семејствата со новороденче од овој дел на градот.

Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината, во рамки на кој досега се доделени од 1789 ваучери по 6.000 денари.

Целта, како што наведуваат од Општина Кисела Вода, да им помогне на новите родители за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето. Ваучерот се доделува на семејства каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител. Заедно со барањето тие треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.

Би можело да ве интересира

Бројот на новороденчиња е намален за 30 проценти за една деценија

Горан Наумовски

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода