Бројот на новороденчиња е намален за 30 проценти за една деценија

Од:

Изминатата година се родени 15.500 новороденчиња, што значи дека државава бележи значителен пад во природниот прираст, покажуваат најновите демографски податоци од 2025 година, истакна денеска проф. д-р Елена Џикова од Клиниката за гинекологија и акушерство и член на Управниот одбор на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО на одбележувањето на Неделата на женско здравје 2026“.

Таа посочи дека ако се навратиме една деценија порано кога бројот на новороденчиња бил околу 23.000 може да се види дека имаме значително намалување од 30 отсто за овие десет години. Тоа, појасни таа, треба да биде аларм кој ќе не наведе да имаме поголема грижа кон жените и целокупна поддршка во женското репродуктивно и семејно здравје.

– Во услови кога природниот прираст во државава е во значително опаѓање од особено значење е едукацијата и превенцијата на жените во сите фази во нивниот живот од школските години кога треба да научат како да го чуваат своето здравје и особено во репродуктивниот период и период на бременост кога тие се најранливи. Редовните акушерски прегледи во текот на бременост се многу важни бидејќи современата медицина нуди нови методи за предикција и превенција на различни компликации кои можат да се создадат и тие не само да се спречат, туку и да се појават во поблага форма со цел да се заштити здрвјето на мајката и новороденчето. Здравјето на жената е темел на секое општество и секој дом и семејство, а новородечињата се и надеж за ново утре во нашата држава, додаде проф.д-р Џикова.

Би можело да ве интересира

14.000 бебиња би можеле да умрат ако помошта не стигне во Газа во рок од 48 часа

Дисциплинска казна за здравствените работници кои учествувале во лекувањето починатите новороденчиња

Горан Наумовски

Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Во Гинеколошката болница во Чаир годинава извршени 2.511 породувања, за 300 повеќе од лани

А1он

Во Кочани се родиле 30 бебиња повеќе во споредба со изминатите години

А1он