Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Од:

Осми Март, Меѓународниот ден на жената во Македонија во последните десетина години доби друга димензија и благодарение на родителите и нивната меѓусебна комуникација стана натпревар за купување на што поскапи подароци за наставничките.

Наместо цвеќе и рачно изработена картичка, родителите ги „учат“ своите деца да купуваат скапи подароци и ваучери од големите молови. Ваучерите се движат од 3000 денари па се до 6000.

„Ајде да собереме по 200 денари, срамота е по 100. Што ќе купиме со 2500 денари. Видете каков часовник сме нашле за наставничката, на акција е, само 4999 денари!“, се дел од коментарите во родителска група на петтооделенци.

Најголемиот дел од родителите сметаат дека е срамно децата да однесат цвеќе и честитка која рачно ја изработиле, иако наставничките
постојано им нагласуваат дека тоа е вистинскиот начин да се честита празник и сакаат за овие празници да ја видат креативноста кај децата.

Некаде се собираат по 100 денари, некаде по 200 денари и тоа е оптеретување за семејниот буџет на родителите кои имаат две или три деца. И оние родители кои немаат, од срам во групата на Вибер исто така се согласуваат со мнозинството.

На социјалните мрежи има невкусни шеги за жените од образовниот систем дека тие најмногу имале корист од 8 март, иако тие ниту бараат подароци од децата.

Наставничките добиваат големи суми на пари за подароци и веќе почнаа да бараат начин да ги искористат порационално, затоа што работата почна да излегува од контрола.

Од општинското основно училипте „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје родителите биле известени доколку планираат да купуваат подароци или ваучери за наставничките, тие пари да ги донираат за младиот Леонид Игнов.

Наместо да ни купувате подароци за 8 Март, донирајте за Леонид и за Кара, им порачаа две наставнички од скопското основно училиште „Киро Глигоров“ на родителите на нивните ученици, второодделенци.

Родителите на второодделенците во ова одделение обезбедиле по 12.000 денари за Лео и за Кара. Дел од сумата била собрана на претходните училишни базари и ја чувале како резервен фонд, а друг дел ја собрале сега.

Леонид Индов има тешка повреда на ‘рбетот поради која не може да ги движи рацете и нозете и за негов третман се потребни 200.000 евра. На 12-годишната Кара од Скопје ѝ се потребни 23 илјади евра за дијагностицирање на ретка болест, кое може да се направи во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он