Васко Ковачевски си заминува од ЕСМ за да му се посвети на семејството, одлуката била донесена пред енергетската криза

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека Васко Ковачевски поднес оставка од функцијата генерален директор на АД Електрани ЕСМ за да му се посвети на своето семејство. Оставката ја донел пред почетокот на зимската енергетска криза, но премиерот и министерот Бектеши инсистирале тој да менаџира со кризата.

– Да му се заблагодарам на директорот Васко Ковачевски. Сакам да соопштам дека тој ме информираше поради лични причини поднесува оставка од функцијата. На оваа тема разговаравме уште лани, за потребата да се посвети повеќе на своето семејство. Утрово усмено поднесе оставка, а писмената оставка ќе биде усвоена на следната седница на Владата.

Ќе биде препорачано да биде избран Васко Стефанов, кој беше директор на АД Пошти, пред тоа на Водостопансство и има големо менаџерско искуство.

Сакам да му се заблагодарам лично на Васко Ковчаевски кој вложи се во справувањето со енергетската криза. Тој и колегите од УО им беа достапни на сите членвои на Владата со цел да се носат брзи и ефикасни одлуки за справување со кризата. Неговата одлука беше донесена поодамна од пред почетокот на кризата, но тогаш заедно со Крешник Бектеши одлучивме дека менаџерскиот тим треба да управува во време на кризата и се покажа како исправна одлуката – рече премиерот на прес-конференција.

Тој беше назначен за генерален директор во јули 2019 година, а дојде на оваа функција од местото директор на РЕК Битола која ја извршуваше од јануари 2018 година.
Тој беше во два наврати пратеник во Собранието, а беше и советник во Советот на Општина Битола во периодот од 2013 до 2014 година.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Васко Ковачевски

А1он

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

А1он

Вчудоневиден сум што ОЈО не побара притвор за Васко Ковачевски, вели Тошковски

Горан Наумовски

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, вели Мицкоски

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“

Коњановски: Епскиот криминал кој се случувал во електроенергетскиот систем бил помогнат од раководството на СДС

Горан Наумовски