Василевски: Заборавивме што се слободни медиуми

Од:

На 24 декември од Собранието брутатално беа исфрлени и новинарите. Во нивно име пред Струмичани говореше пензионираниот новинар Иван Василевски

„Што мака го натера мојот народ да пука по своите? Што мака го натера питомиот народ да излезе на улица, да се плашат за своите пензии и работни места, да се плашат од фрустрации и лустарации. Таа мака сега е желбата за слобода“, рече Василевски.

„Господо од власта, не антика и барок туку школи и фабрики требаат од народот за народот“, порача тој пред струмичани.

Сега, рече Василевски, се што е слободоумно се уништува од власта.

„Жалам што новинарството падна на најниски граници. Новинарите се набиени во партиски теснец, тие се врбувани, дел се на улица, дел ги судат, а дел ги избркаа брутално од Собранието. Власта ги раскара и новинарите како и народот“, рече тој.

„Новинарството е приклерштоно во канџите на власта, во Македонија нема вистинско новинарство, демократијата е мртва буква на хартија, заборавивме што се слободни медиуми. Но треба да знаат, дека и најсуровите диктатори завршувале бедно“, рече Василевски.

Би можело да ве интересира

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Жените во Полска повторно се уличен протест, го обвинуваат Туск дека не го исполнил ветувањето за либерализација на абортусот

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота