Василевска: Царовска е најголемата неприродна катастрофа која му се има случено на образованието

Од:

Оваа година Мила Царовска од позиција на министерка, кон образованието и кон учениците се однесуваше како кон експериментални глувци, при што влијаеше врз сериозното уназадување на една цела генерација на ученици. Немаше дел од образованието кој не страдаше од импровизациите на Царовска вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

„Лошиот модел на електронско следење на наставата, без притоа владата да обезбеди соодветни електронски уреди за следење на наставата за децата од социјално загрозените категории остави 15.000 ученици надвор од системот. Практично 15% од учениците не беа во можност да ја следат наставата онлајн. Дигитализацијата на Царовска не е ништо друго, туку само можност за некоја фирма блиска до власта да земе можеби тендер од над 120 милиони евра. Царовска е најголемата неприродна катастрофа која му се има случено на образованието, а грешките кои ги направи се долгорочни и далекусежни“ – рече Василевска на прес конференција во Собранието.

Би можело да ве интересира

Василевска: Стана срамота да сте чесен, стана голема привилегија да сте моќен

Горан Наумовски

Василевска до Меџити: Дали владата и министерството за здравство немаат капацитет за справување со проблемите во здравството?

Горан Наумовски

Кривична пријава за Шилегов и за Јанчева за предновогодишна забава во ресторан

Василевска: Три дена молк од СДСМ и останатите партии за декларацијата за Делчев

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Царовска: Условите за работа и движење меѓу население и условите за движење во училишниот двор се подеднакви