Општина Василево почна со пролетно уредување на јавните површини во населените места. Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ почна со косење на тревата во парковите и нивно наводнување.
Според надлежните, уреден е паркот на влезот на Василево. Пролетно уредување ќе има во меморијалниот парк „Методи Митев“ во Василево и паркот во населеното место Градошорци, по што ќе следува уредување и на останатите јавни површини односно површините покрај улиците во населените места.
Сите овие активности, како што информира директорот на „Турија“, Леонардо Николов, планирани се со нивната програма за одржување на јавни површини за годинава.
Во пресрет на христијанскиот празник Велигден, комуналните власти ги уредуваат и гробиштата во населените места во оваа општина.