Советот на Василево даде согласност за настава со физичко присуство на учениците

Од:

Членовите на Советот на општина Василево дадоа согласност за организирање на настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто одделение во општинските основни училишта.

-Деновиве во тек е анкетата со родителите на учениците кои се изјаснуваат каков вид на настава да посетуваат нивните деца и според досегашните резултати најголем број ја поддржале опцијата за физичко присуство во согласност со протоколите за безбедно одвивање на наставата, информираат од Општината.

Во двете основни општински училишта во учебната 2020/2021 година, во ООУ „Атанас Нивичански“ во село Нова Маала и ООУ „Гоце Делчев“ во општинскиот центар Василево, настава треба да посетуваат вкупно 1.058 ученици, од кои 109 се првачиња.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска