Васев: Амбасадата на Норвешка ги деманира лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести на штета на државата и нејзиниот меѓународен углед. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски ја злоупотреби собраниската говорница за да шири лажни вести за македонскиот хируршки тим кој е на мисија во Авганистан. Амбасадата на Кралството Норвешка јавно ги демантираше лагите на Стојановски дека наводно постоел норвешки воен извештај кој нотирал дека нашиот хируршки тим не знаел да изведе обичен хируршки зафат рече денеска Стефан Васев од СДСМ.

„Иако било побарано извинување, Стојановски не и се извинил на Амбасадата на Норвешка. Со ова однесување Стојановски освен што ги навреди нашите хирурзи ја навреди и Норвешка кој учествувала во нивната обука, а ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш се обиде да го наруши угледот на државата и нејзините односи со партнерите во НАТО“ – вели Васев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите