А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Варвициотис: Исходот од Самитот на ЕУ не е пријатна разврска за Грција

by А1он21/10/2019 - 17:21232
Share0

Разврската од Самитот на ЕУ не е пријатна за Грција и не оди во корист на стабилноста во регионот, изјави грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Милтиадис Варвициотис во интервју за грчкото радио „Реал фм“, истовремено истакнувајќи дека ни разделувањето на кандидатурите на Северна Македонија и Грција немаше да биде во прилог на стабилноста на регионот.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Сигурно е дека тоа не е пријатна разврска за нас. Тоа е разврска што не е во корист на стабилноста во регионот. Но, би ви рекол и дека немаше да биде во корист на стабилноста на регионот и одлука што ќе велеше „да“ за Скопје, „не“ за Тирана, бидејќи во суштина ќе го радикализираше албанскиот елемент кој има многу големо влијание како во Скопје, така и во Косово, вели Варвициотис, додавајќи дека ставот на многумина, а меѓу нив и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, бил дека „не е во корист на стабилноста на регионот разделување на двата случаи“.

Варвициотис, објасни дека и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и премиерот Мицотакис, но и тој лично, минатата седмица на состаноците на ЕУ, излегле со став дека првпат во историјата постои можност „на север да се граничиме со земји кои полека го добиваат статусот член на Европската Унија“.

Во однос на ЕУ перспективата на земјава, тој вели дека таа „не била поништена, туку само одложена“.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Вистина е дека скопската страна беше многу притисната. Заев сите денови на самитот се закануваше дека ако не помине договорот ќе поднесе оставка, за што никој од Европа не му кажа дека би било многу мудро да го стори, бидејќи со одлуката не се поништи нивниот европски тек, туку се одложи за следниот самит што ќе се одржи на балкански терен, во Хрватска, во Загреб и вниманието особено ќе биде насочено на она што се случува на Балканот, рече Варвициотис.

Во интервјуто за грчкото радио тој уште еднаш повтори дека Грција „притиска за спроведување“ на Договорот од Преспа, нагласувајќи дека тоа прашање било една од темите на средбата што ја имаше со вицепремиерот Бујар Османи.

eu

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски19/08/2026 - 12:21

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он17/08/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео