А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вархеји: Во следните денови ќе ја претставиме преговарачката рамка за С. Македонија

by А1он12/06/2020 - 14:12272
Share0

Во следните денови ќе ја претставиме преговарачката рамка. Тоа е следен чекор во процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија, по што многу брзо ќе почнеме да работиме на тоа во Советот на ЕУ, со цел земјите-членки да ја одобрат и да продолжиме со процесот на пристапување.

Добивај вести на вибер

Ова денеска го изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на панел дискусијата „Пристапување во ЕУ на Западен Балкан: Кредибилност, предвидливост и политичко водство“, во рамки на Економскиот форум Делфи, што се одржува видеоконференциски од Атина.

На панелот учествуваа и лидерот на СДСМ Зоран Заев, заедно со премиерите на Албанија и на Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, а преку видео порака на форумот се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Во споредба со минатиот октомври, сега имаме нова методологија за процесот на проширување и успеавме да донесеме одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, рече Вархеји, додавајќи дека за Европската комисија, уште од првиот ден кога стапил на функцијата, односите со Западен Балкан се еден од највисоките приоритети.

Еврокомесарот оцени дека сите овие напори не можеа да се случат доколку Северна Македонија и Албанија не испорачаа резултати. – Тие испорачаа и затоа за нив во пакет беше донесена одлука за почеток на преговори од страна на Советот на ЕУ, рече Вархеји.

Тој изрази жалење што големиот економско-инвестициски план за регионот има мало одложување поради ситуцијата со коронакризата, но изрази надеж оти истиот ќе може да го презентира на почетокот на есента.

– Кризата со Ковид за жал малку ја прекина нашата работа, но сепак успеавме да обезбедиме поддршка преку инструментот за финансиска помош во износ од 3,3 милијарди евра за време на кризата, и ја покажавме нашата солидарност и важноста да останеме заедно со земјите од Западен Балкан преку самитот во Загреб, каде што одржавме видео-конференција со лидерите од тој регион, посочи Вархеји.

За еврокомесарот тоа беше многу важен знак колку се посветени кон тоа Западен Балкан да стане интегрален дел од Европската Унија.

eu

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:06

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто