Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер

Од:

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на прес-конференција денеска порача дека ќе контактира со македонските власти за гаранции дека има доволно време за изборна кампања и дека изборите ќе бидат фер, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Ја видов најавата на владата дека има намера да одржи избори на почетокот на јули, треба да ги погледнам деталите, она што засега можам да го кажам е дека изборите треба да бидат фер и слободни и да има доволно време за кампања, можност за партиите да водат кампања. Треба да видиме и како ова може да се имплементира под Ковид правилата, ќе го отворам ова прашање со македонските власти затоа што е многу важно да се обезбеди дека изборите ќе бидат целосно фер, рече Вархеји.

Еврокомесарот најави дека преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија ќе биде објавена „во наредните денови“ и дека целта на Европската Комисија е прашањето да се стави на масата на министрите за европски и надворешни работи на ЕУ идната недела.

Извештаите за напредокот на земјите од регионот се одложени за есен.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трајковски од НСДП ги претстави програмските определби на партијата во делот на екологијата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бачев: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се исти во предавството, во истите канцеларии во Брисел кај што оди Заев , по него оди Мицкоски

Габриела Димковиќ-Мишевска

Зибери очекува неговата кандидатура за премиер Албанец да биде поддржана од припадници на сите етнички заедници

Ана Ололовска

ВИДЕО: Програмата на „Единствена Македонија“ претставена во Кавадарци

Ана Ололовска

Митрески: Во општина Струга се завршени сите регионални патишта, продолжуваме понатаму бидејќи можеме уште подобро и уште повеќе

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јанушев од Чешиново-Облешево: Наместо за земјоделците, Љупчо Николовски се грижи за личните интереси

Ана Ололовска