Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Од:

Откако Советот минатата недела ги одобри реформските агенди на земјите од Западниот Балкан кандидати за членство во ЕУ, очекуваме првите исплати на средства во рамки на Планот за раст на регионот да бидат реализирани уште во текот на овој месец, соопшти денеска еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

– Сега отчукува часовникот со цел земјите кандидатки да започнат со реализација на реформите за да можеме да напредуваме со понатамошната исплата на средства, изјави Вархеји на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што земјата практично ги започна пристапните преговори по кластери.

Вархеји потсети дека Планот за Европската комисија за раст на Западниот Балкан има за цел да обезбеди дополнителни инвестиции во инфраструктурата, но и да им помогне на земјите од регионот да ги споредат суштинските реформи кои се неопходни за да станат членки на Унијата, за што се предвидени шест милијарди евра во форма на грантови и заеми. Но, за да функционира ова, според него, земјите кандидати мора да покажат резултати во спроведувањето на утврдените реформските агенди.

Тој потенцира дека средствата од овој План, заедно со Економскиот и инвестицискиот план кој изнесува околу една третина од БДП на целиот регион, ЕУ ќе има инструменти за поддршка на земјите од регионот во приближувањето кон ЕУ и исполнувањето на стандардите за членство.

– Така што, не само што сме на вистинскиот пат, туку мислам дека започнавме забрзано и се надевам дека ова ќе продолжи. Со овој План ќе ги забрзаме сите реформи кои се неопходни за зачленување, потенцира Вархеји, нагласувајќи дека по ова земјите од регионот нема да имаат можности за изговори и мора да се подготват за приклучување кон Европската Унијата.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

ЕУ одобри 1,2 милијарди евра за инфраструктура во Западен Балкан

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”