Герапетритис ќе ги посети земјите од регионот, но не и Македонија

Од:

За поддршка и промоција на европската перспективата на регионот, министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис ќе ги посети Србија на 12 и Босна и Херцеговина и Црна Гора на 19 јуни, како што информираше портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето на дописничката на МИА од Атина за посета на нашата земја рече дека кога ќе се прецизира ќе излезат со соодветно соопштение.

Посетата на Герапетритис на Западен Балкан е дел од активностите на Атина во пресрет на грчкото претседателство со Европската Унија во втората половина на 2027 година, а Зохиу посочи дека европската интеграцијата на Западен Балкан, за ЕУ е стратешки избор, а за Грција е принципиелен став која „од 2003 година до сега е земја што ја забрзува интегративната перспектива на Западен Балкан“

– Европската интеграција на Западен Балкан претставува стратешки приоритет на Европската Унија, Грција како најстара земја членка на Европската Унија во регионот останува цврст поддржувач на европската перспектива на Западен Балкан, секогаш врз основа на поставените услови и критериуми и без отстапка од обврската за почитување на владеењето на правото, меѓународното право и добрососедските односи, посочи Зохиу.

За посетата на шефот на грчката дипломатија, информираше дека на 12 јуни ќе биде во Србија, а седум дена подоцна во Босна и Херцеговина и Црна Гора.

– Основната цел на посетата е реафирмирање на грчката поддршка на европскиот пат на овие земји и охрабрување на напредокот во неопходните реформи за официјално отвораење на пристапните преговори, објасни портпаролката на грчкото МНР.

На прашањето на дописничката на МИА од Атина дали Герапетритис ќе ја посети и нашата земја, Зохиу рече дека кога ќе се финализира во следната фаза, ќе излезат со соопштенија.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Грција на брифингот со новинарите се осврна и на последните случувања во Албанија и посочи дека „нејзиниот интегративен процес минува низ почитување и заштита на правата на грчкото малцинство“.

Би можело да ве интересира

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Затвореник избега од болница во Грција

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Фон дер Лајен идниот месец во посета на Западен Балкан

А1он

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви