Фон дер Лајен идниот месец во посета на Западен Балкан

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, идниот месец ќе допатува во земјите од Западен Балкан, потврдија од ЕК.

Сепак, нема потврда дали таа ќе ја посети Србија како дел од турнејата.

„Исклучувањето на Србија од турнејата е опција што не може да се отфрли“, изјави за Радио Слободна Европа висок функционер на Европската комисија.

Портпаролката на Комисијата посочи дека можеби нема сите земји од регионот да бидат вклучени во агендата.

„Можам да потврдам дека, како и секоја година, претседателката ќе го посети Западен Балкан. Програмата сè уште се подготвува и затоа не можам да потврдам кои земји ќе бидат вклучени, односно дали сите земји од Западен Балкан ќе бидат дел од програмата. Сè уште работиме на програмата“, изјави портпаролката на Европската комисија, Паола Пињо, на прес-конференцијата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба во октомври да ја започне својата редовна годишна турнеја низ Западен Балкан, при што традиционално ги посетува сите земји од регионот.

Би можело да ве интересира

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

Фон дер Лајен сè уште нема дадено изјава пред обвинителите за набавката на вакцини од „Фајзер“

А1он

Мерц: Западен Балкан мора да биде заштитен од надворешни влијанија

Црното Море стана нов фронт на војната: Радев ја повика руската амбасадорка, рекции на ЕУ и НАТО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром