А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вардар во Велес со многу низок водостој

by А1он21/07/2017 - 17:00141
Share0

Вардар во Велес на мерното место кај Стар мост кај градското пазариште според мерењата на УХМР од Скопје денеска бил со 15, а во изминатите два дена со водостој од само 14 сантиметри.

Добивај вести на вибер

Според Глирог Милевски од УХМР, ваквата состојба со нивото на водата е катастрофална и загрижувачка.

– Споредено со 21 јули 2016, кога Вардар во Велес бил со водостој од 28 сантиметри ова е скоро двојно понизок водостој, споредено со истиот период лани или два–три пати понеско споредено со просекот за јули кој изнесува 48 сантиметри, информира Милевски.

Немаме информација, продолжи тој, од надлежните како тоа се одрува врз живиот свет во реката Вардар односно врз рибите и останатиот жив свет, но, затоа имаме потврда од велешките рибари, кои велат за разлика од изминатите лета годинава со денови не ловат ни риба или тоа е минимално.

Доказ за нискиот водостој во Вардар во центарот на градот меѓу двата моста се и неколку речни островчиња среде реката, а кои постојано се шират на сметка на водата.

Според надлежните од УХМР ваквата лоша водоссостојба во реката Вардар е последица на долготрајната суша или лошата хидролошка состојба во земјава годинава.

Годинава Вардар во Велес бил со највисок водостој на водата на 8 февруари кога биле измерени 150 сантиметри.

vardarveles

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:29

Пронајдено тело на српски државјанин во Вардар кај Демир Капија

Горан Наумовски04/04/2026 - 15:0504/04/2026 - 15:19

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски31/03/2026 - 15:2431/03/2026 - 15:28

Извадено e женско тело од водите на Вардар

Горан Наумовски12/03/2026 - 15:15

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Горан Наумовски20/02/2026 - 17:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто