Ванковска и делегација на Левица положија цвеќе пред спомен-релјефот по повод 83 години од бомбардирањето на Штип

Од:

Во очи на 6 април, денот кога е бомбардиран градот Штип во Втората светска војна, кандидатот за претседател Билјана Ванковска и делегација на Левица предводена од Борислав Крмов и Александар Симонов, вчера положија свежо цвеќе пред спомен-релјефот на Народниот театар.

Спомен рељефот кој е дело на академскиот уметник Александар Смилков е направен по повод бомбардирањето на Штип кое почнало уште утрото на 6 април 1941 година. Прво била бомбардирана тогашната Соколана, каде што сега е и Народниот театар-Штип, во која биле сместени две единици на тогашната Брегалничка дивизија на војската на Кралска Југославија.

Од првиот напад загинале околу 150 војници и офицери, а многумина биле ранети. Веќе во вториот налет, половина час подоцна авионите ги бомбардирале тврдината „Исар”, околните маала и штипската Болница. Загинале 54 граѓани, 22 биле ранети, а десетмина се воделе за исчезнати.

Вчера, Билјана Ванковска оствари и средби со граѓани во Свети Николе. На средбата со граѓаните присуствуваа Борислав Крмов, членот на Президиум на Левица и советник во Општина Свети Николе Александар Симонов, како и од членовите на локалниот огранок. На граѓаните им беше поделена и програмата за кандидат за претседател на Билјана Ванковска.

Би можело да ве интересира

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Семејното насилство не е приватен проблем: АФЖ – Левица со работна средба за сеопфатен систем на заштита

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?