Ванковска: Ако сакаме достоинство, на овие избори немаме право на грешка

Од:

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска и кандидатите за пратеници од ИЕ1 Дарко Ристовски и Катерина Јовановска, денес одржаа средба со граѓани во Карпош. На средбата беа презентирани делови од програмата на Ванковска за претстојните избори.

– Ако сакаме достоинство, на овие избори немаме право на грешка. Мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот, порача Ванковска.

Во изјавата, од општината која е и нејзин дом, професорката како различна понуда од сите останати истакна:

“Покренување на постапка за излегување од НАТО е неопходна. Како сиромашна земја која нема економски развој, а секоја година издвојува повеќе од 2% од својот вкупен национален доход само тоне во сиромаштија. Притоа она што го издвојуваме оди за финансирање туѓи војни!”

Ванковска пред карпошани ги повтори заложбите од нејзината изборна програма за носење на нов Устав.

“Нужно е да донесеме нов Устав наместо да се надмудруваме кој ќе влезе во преамбулата. Тој Устав ќе биде современ, таков каков што ќе го донесеме за себе како политичка заедница која нема да биде делена по етнички квоти, со олигархии и етнотрибализам, туку социјален Устав, заснован на принципите на социјална класна правда и еднакви можности! Сонцето и Белите мугри на Рацин изгреваат на исток! Иако ни кажуваат политички мудрости дека сонцето излегува на запад, на запад се случуваат драматични работи, светот се менува и ние треба да гледаме на сите четири страни!”, рече Ванковска.

На крајот, професорката Ванковска и нашите кандидатите на Левица за пратеници од ИЕ1 Ристовски и Јовановска, положија цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОБ од Нерези кај мостот “Обединети нации” – симболот на заедништво во историската борба за слободна Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира