Ванхауте не демантира дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ биле ставени на црни листи

Од:

Белгискиот експерт, Питер Ванхауте, кој се јавува како олеснувач во преговарачкиот процес меѓу четирите политички партии, вели дека не можа да потврди, но дека не може ни да демантира оти одредени владини функционери се нашле на црни листи во неколку земји членки на Европската унија.

-Не можам да потврдам, но не можам ни да демантирам, но во минатото се покажа дека овие мерки можат да бидат ефективни. Она што можам да го кажам дека постои група која се вика „Friends of Macedonia“ и знаеме дека некои земји членки веќе ја напуштиле оваа организација – рече Ванхауте.

Тој денеска одржа брифинг со новинари откако преговорите се судрија со ѕид по неуспехот да се договорат министри и заменици-министри предложени од опозицијата. Ванхауте упати критики до политичките лидери поради неодговорноста и немањето волја да ги решат проблематичните прашања. Тој посочи дека Македонија се соочува со сериозен проблем кој е длабоко вкоренет во системот. Парламентот, рече тој, е нефункционален, како и многу други институции.

-Ние сме свесни за се што се случува тука, ние гледаме какви се состојбите. Но не можеме ние да ги решаваме вашите проблеми, вие сте суверена држава, морате сами. Мора да научите како да владеете со вашата земја. Ова е развоен процес кој морате да го поминете – рече Ванхауте и додаде дека следниот период меѓународната заедница ќе се вклучи поактивно од претходно во процесите на земјата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус