Вандализмот на детско игралиште и поплаките за прегласна музика ја „размрдаа“ полицијата во Центар

Од:

Синоќа полициски службеници од СВР Скопје почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата информира МВР.

– Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен град во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу ул „Народен Фронт“ и ул „Васил Ѓорѓов“ пекара Силбо, Порта Македонија итн. Покрај тоа беа спроведени и сообраќајни контроли при што беа преземени 25 мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила долж ул. „Народен Фронт“, ул. „Орце Николов“ и ул. „Боемска“, подигнати биле шест возила со специјално возило „пајак“ и легитимирани биле 24 лица. Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови, се вели во соопштението од Миинистерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР